Папата Франциско вчера го откажа учеството на климатската конференција COP28 во Дубаи поради здравствени проблеми. Папата требаше да ја започне тридневната посета на Дубаи во петок, а Ватикан претходно вчера соопшти дека патувањето ќе се оствари.
„Иако општата клиничка слика на Светиот Отец е подобрена во однос на грипот и воспалението на респираторниот тракт, лекарите побараа од Папата да не оди на тоа патување во Дубаи“, соопшти Светата столица, на што Папата се согласи „со голема жалење“.
Ватикан објави дека Франциско ќе ги ограничи своите активности оваа недела за да ја зачува енергијата.
Папата примаше антибиотици интравенски поради пневмонија и тешкотии со дишењето.