Папата го критикуваше планот на Трамп: „Срамота“

papa1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе започне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, откако ќе ја преземе функцијата.


Во интервју за италијанската телевизија Канал 9, Папата рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави Ројтерс во понеделникот, додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичка црква.

Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарди католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.

Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.

„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече Папата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK