Папата Франциско: Мислам на измачената Украина, Израел и Палестина

papa1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско на католичкиот празник Успение на Богородица рече дека Марија тргнала по истиот пат што го следат сите луѓе по неа, што треба да ги потсети луѓето дека и нивниот живот е пат кој завршува со финална средба.


Папата рече дека мисли и на оние кои страдаат во делови од светот погодени од војни.

„На Марија, кралицата на мирот, за која размислуваме денес, би сакал да и ја доверам вознемиреноста и тагата на луѓето во толку многу делови од светот кои страдаат поради социјалните тензии и војни. Мислам пред се на измачената Украина, Блискиот Исток, Палестина, Израел, Судан и Мјанмар. Нека нашата небесна мајка ни пружи утеха и иднина полна со ведрина и хармонија“, рече папата Франциско.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK