Папата Франциско има пневмонија и денеска не се појави на плоштадот Свети Петар, но овонеделната порака до верниците ја прочита неговиот заменик.
Папата, кој кашлаше и имаше преврзана рака, за тоа време беше во капелата на неговата резиденција, а неговото обраќање до верниците беше емитувано на плоштадот Св. Петар преку голем видео бим.
– Денеска не можам да погледнам од прозорецот затоа што го имам овој проблем со пневмонија, а размислувањата ќе ги чита монсињор Браида, кој добро ги познава затоа што и онака ги пишува – рече папата Фрањо, кој им се заблагодари на насобраните за присуството.
Ватикан вчера објави дека папата Франциско направил томографија во римската болница Гемели, откако развил симптоми слични на грип.