Папата Франциск му нареди на поранешниот помошник на папата Бенедикт да го напушти Ватикан

francisk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциск му нареди на надбискупот Георг Гаенсвајн, приватен секретар и долгогодишен помошник на починатиот папа Бенедикт, да се врати во родната Германија до крајот на месецот без нова задача, соопшти денеска Ватикан.

Ватикан со тоа стави крај на шпекулациите за тоа каква улога ќе има Гаенсвајн во црквата, кој беше моќна фигура во Ватикан повеќе од една деценија додека папата Франциск не го маргинализираше по личен конфликт.


Гаенсвејн има 66 години и многу е невообичаено некој толку релативно млад и високо рангиран да не добие некоја задача, како да е избркан.

Во соопштението се вели дека на Гаенсвајн му било кажано да се врати во неговата епархија во Фрајбург.

Речиси сите папски секретари досега биле или именувани за челници на бискупии, именувани за кардинали или добиле некоја друга висока должност. На Гаенсвејн му требаат уште девет години додека да се пензионира. Бискупите се пензионираат на 75 години.

Гаенсвајн беше личен секретар на кардиналот Јозеф Рацингер од 2003 година и остана со него речиси 20 години, од кои речиси десет беа откако тој поднесе оставка како папа.

Гаенсвејн и Франциск се судрија во 2020 година кога Гаенсвејн беше во центарот на непријатна епизода во врска со улогата на поранешниот папа Бенедикт во книгата за свештеничкиот целибат, што многумина го сметаа за напад на авторитетот на Франциск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK