Голем брод за крстарење за малку ќе се превртеше во близина на Шпанија поради ненадеен налет на урагански ветрови, јавува CBS News.
Бродот наречен „Explorer of the Seas“ бил на пат од Барселона кон Мајами во близина на Тенерифе, најголемиот шпански Канарски остров, кога бил погоден од „неочекуван налет на ветер“, се наведува во соопштението на компанијата „Royal Caribbean Cruises“
Силниот ветер го натера пловилото нагло да сврти надесно, а потоа да направи уште еден остар пресврт.
Патниците биле соборени на земја, а според сведочењето на еден од нив „целиот под бил покриен со лични работи и шишиња“.
Според капетанот на бродот, за пет минути брзината на ветрот се зголемила од околу 74 км/ч на 138 км/ч.
Како што наведе, ветрот се смирил наеднаш како што се појавил, па се избегнал трагичен развој на ситуацијата.
Сепак, бродот за крстарење морал непланирано да застане во Лас Палмас за да му се пружи медицинска помош на еден од патниците и да ја процени штетата.
Станува збор за брод долг околу 310 метри кој може да прими до 4.290 гости и 1.185 членови на екипажот.
Бродот за крстарење има петнаесет патнички палуби, вклучувајќи лизгалиште и терен за мини голф.
Регистриран е на Бахамите и плови од 2000 година, велат од компанијата што го поседува.