Пакистанската полиција ја сомничи Исламската држава за нападот на политичкиот митинг

pakistan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакистански истражители денеска вперија прст кон екстремистичката група Исламска држава, додека бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад на политички митинг се искачи на 46, пренесе ДПА.

Бомбаш самоубиец вчера се разнесе меѓу толпа на митинг на исламска политичка партија во Бајаур, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци.


Најмалку 40 луѓе загинаа во неделата, а повеќе од 150 беа ранети.

Најмалку уште шест жртви им подлегнаа на повредите во болниците во текот на ноќта, со што бројот на загинати се искачи на 46.

Од повеќе од 150 повредени луѓе, околу 90 лица сè уште се лекуваат во болниците во северозападната провинција Хајбер-Пахтунхва, изјави претставникот на спасувачките служби Билал Фаизи.

Шефот на провинциската полиција Ахтар Хајат Кан потврди дека се работи за самоубиствен бомбашки напад, а се спроведува ДНК тест за да се идентификува бомбашот.

Најмалку тројца осомничени беа уапсени во текот на ноќта поради можна поврзаност со бомбашкиот напад и беа испрашувани од страна на разузнавачките и органите за спроведување на законот, изјави началникот на локалната полиција Назир Кан.

– Она што го заклучивме од првичната истрага е дека нападот го носи знакот на ДАЕШ (Исламска држава), додаде Кан.

Исламската држава во Курасан (ИСИК), локалната филијала на екстремистичката група, е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.

Напливот на насилство од страна на исламистичките милитанти пред изборите во Пакистан е тренд од 2008 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK