Паднала вратата од тоалетот во авион за Њујорк: стјуардесата ја држела за време на летот

Screenshot-2024-07-18-191745.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вратата на еден од тоалетите во авионот „Ербас А350“ паднала за време на летот меѓу Хонг Конг и Њујорк.


Невообичаена ситуација се случила во понеделникот, на летот CX840 на Cathay Pacific меѓу Хонг Конг (ХКГ) и аеродромот Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк.

Вратата од тоалетот на „Airbus A350-900“ (B-LRX) паднала само три минути по полетувањето на авионот, објави „Aero Time“ повикувајќи се на „South China Morning Post“.

Овој бизарен настан не бил доволна причина авионот да се врати во Хонг Конг, па екипажот го продолжил летот до Големото јаболко. Една од стјуардесите на „Cathay Pacific“ е фотографирана како ја држи вратата додека седела на нејзиното седиште.

Авионот слетал во Њујорк по 15 и пол часа во воздух, покажале податоците на услугата „FlightRadar24“. Веќе следното утро, Ербас А350 го направил својот повратен лет за Хонг Конг.

„Cathay Pacific“ објави дека дефектот е отстранет и дека инженерскиот тим спроведува истрага за да утврди како вратата паднала на сред лет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK