Пад на инфлацијата во Шпанија

54-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пониската инфлација е пред се последица на падот на цените на горивата, бидејќи според проценките, дизелот и бензините поевтинија за 13 отсто на годишно ниво, што влијаеше и на падот на цените на транспортот, пренесува шпански Pais.


Храната и безалкохолните пијалоци во Шпанија поскапеа за 1,8 отсто на годишно ниво, домувањето и комуналните услуги за 2,9 отсто, услугите во рекреација и култура за 1,1 отсто, но растот на цените во сите споменати категории е побавен во однос на август.

На месечна основа, цените во Шпанија паднаа за 0,6 отсто во однос на август.

Како што е наведено, годишната базна стапка на инфлација во Шпанија исто така падна во септември од 2,7 отсто во август на 2,4 отсто.

Шпанија се консолидира како една од најдинамичните економии во еврозоната и бележи раст кој е четири пати поголем од европскиот просек, нагласи Министерството за економија на Шпанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK