„Ова не е ваш хотел“: Мајка во Италија ги тужела синовите, затоа што не сакале да се иселат од дома

„Ова-не-е-ваш-хотел-Мајка-во-Италија-ги-тужела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајка (75) од Италија се заситила од возрасните синови на 42 и 40 години кои се уште живеел во нивниот дом, па се обидела да ги убеди да си најдат свој дом, меѓу другото и затоа што се вработени. Но, обидите и биле залудни, поради што решила да ги тужи, а судот и дал право на тоа.


Пензионерка од градот Павија на северот на Италија постојано се обидувала да ги убеди своите возрасни синови кои живеат во нејзината куќа да се иселат бидејќи и двајцата се вработени. Освен тоа, не сакале да ги делат трошоците или да вршат домашни работи. Меѓутоа, синовите не сакале ниту да слушнат за тоа, пренесува „Данас“.

На мајката и се смачило синовите да живеат во „мој хотел“, па поднела тужба до судот да ги иселат синовите.

Судот во Павија пресудил во корист на мајката и одредил рок за иселување на двата сина до 18 декември, пренесуваат италијанските медиуми.

Спред медиумот, во Италија, релативно многу деца живеат со своите родители дури и по нивниот 18-ти роденден. Повеќето од нив се мажи, па им се лепи прекарот „мамони“ или „мамини момчиња“ или „бамбочиони“, големи бебиња, пренесува „N1 Словенија“. Поради неизвесното вработување, зголемен е бројот на Италијанци кои остануваат дома со своите родители. Според минатогодишното истражување на европската статистичка служба „Евростат“, просечната возраст на која луѓето ги напуштале своите домови во Италија била 30 години. Добри 66 проценти од Италијанците на возраст од 18 до 34 години живеат со своите родители. Овој удел е значително над просекот на ЕУ од 50 проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK