Откриена радијација во руски град, прогласена е вонредна состојба

ради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите во рускиот далечен град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден извор на радиоактивно зрачење, јави новинската агенција „ТАСС“.


Се наведува дека покачените нивоа на радијација биле откриени во близина на столб за струја на околу 2,5 километри од станбени згради.

Никој не е повреден или изложен на радијација и нема закана по здравјето на граѓаните, ТАСС го цитира локалниот огранок на руската агенција за заштита на потрошувачите.

Се наведува дека нивото на радијација ќе се следи во следните два дена и ќе се истражи изворот на зрачењето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK