Откажан состанокот на Словачка, Украина и ЕК за рускиот гас; Украина: Словачка лаже

11955e2b-101a-4519-848b-d3511344542d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вербалниот конфликт меѓу Братислава и Киев се засили откако беше откажан состанокот со претставници на Европската унија, на кој денеска требаше да се разговара за безбедноста на снабдувањето со енергија.


Министрите на Украина и Словачка требаше да се сретнат во Брисел за да разговараат за последиците од истекувањето на договорот за транзит на руски гас во Европа преку украинските гасоводи, кој истече на 1 јануари, со посредство на Европската комисија.

Словачка сакаше да го продолжи договорот и да продолжи со увоз на руски гас преку Украина, но нејзините барања беа отфрлени, што доведе до закани од премиерот Роберт Фицо за преки на испораката на електрична енергија за Украина и да ја намали поддршката за бегалците кои бегаат од војната во Русија.

Само неколку часа пред почетокот на состанокот во Брисел, словачката влада објави соопштение во кое се наведува дека украинската страна се повлекла од дискусиите.

„Поради фактот што украинската страна нема да учествува… Европската комисија одлучи да го откаже состанокот“, соопшти словачката влада.

Меѓутоа, во изјава за „Политико“, украинскиот амбасадор во ЕУ, Всеволод Ченцов, рече дека тврдењата се лажни и дека состанокот бил инициран од Киев за да се разговара за заканите на Фицо дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина.

„Украина го започна механизмот за рано предупредување поради заканите дека ќе го запре снабдувањето со електрична енергија, а не поради разговорите за транзит на гас“, рече Ченцов.

Според него, украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко планирал да учествува на дискусиите во Брисел, но бил принуден да остане дома поради тешката ситуација во енергетскиот сектор. Наместо да ја прифатат понудата на Украина за онлајн состанок, претставниците на Комисијата предложија да се одложи за друг датум, додаде амбасадорот.

„Комисијата е подготвена да ги продолжи преговорите и да разговара за ефектите од завршувањето на транзитниот договор со сите вклучени страни“, изјави портпаролот на извршната власт на ЕУ за Политико. „Се уште сме во близок контакт.

Во лобирањето за продолжување на договорот за транзит на гас, Словачка и Унгарија тврдеа дека неговото раскинување може да предизвика голема ценовна криза или недостиг на снабдување. Сепак, според претставниците на ЕУ, досега овие стравови не се остварени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK