Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска беше реизбран за претседател на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на четвртиот вонреден конгрес на партијата.
Претседателот на Конгресниот совет Али Ихсан Јавуз изјави дека Ердоган е реизбран за претседател со добивањето на сите 1.399 валидни гласови, пренесе „Дејли Сабах“.
Ова е осми пат како Ердоган е избран за лидер на партијата од нејзиното формирање.
Со истото гласање е избран и составот на Извршниот комитет за централни одлуки, кој брои 75 членови.