Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега ги критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и украинскиот лидер Владимир Зеленски, споредувајќи ги двајцата политичари со Адолф Хитлер, пишуваат медиумите во регионот.
Во својот говор тој го осуди Нетанјаху, споредувајќи ја неговата политика со онаа на нацистите.
„На чело на израелската влада е премиер кој е син на ѓаволот. Зошто? Затоа што тој ја практикува политиката на терор како Хитлер“, рече Ортега.
Тој, исто така, ги нападна западните поддржувачи на Израел, велејќи дека акциите на земјите од ЕУ и САД или ќе ја „одведат планетата до тотална војна“ или ќе доведат до нивен целосен пораз.
Ортега исто така го спореди Зеленски со Хитлер.
„Зеленски е уште еден нацист, уште еден син на Хитлер, кој сака да го компромитира НАТО за да војува против Русија“, рече тој. Ортега долго го критикуваше украинскиот лидер, постојано етикетирајќи го како нацист, според светските медиуми.
Никарагва формално ги прекина врските со Израел и долго време имаше комплицирани односи со земјата, со долги периоди во кои двете нации немаа дипломатски врски. Израел и Никарагва ги поправија односите во 2017 година, откако Ортега ги прекина во 2010 година.