Орпо: Криза во финската Влада побрзо отколку што очекував

orpo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финскиот премиер, Петери Орпо, само две недели по формирањето на новата влада, изјави дека владата е во криза, но дека е способна да функционира.

-Владината криза дојде побрзо отколку што очекував, изјави Орпо во интервју за весникот „Хелсингин саномат“.


Тој имаше средба со претседателите на владејачките партии, а тема на разговорот, меѓудругото, беше и оставката на министерот за економија, Вилхелм Жунила, поради претходни изјави за нацизмот.

-Тоа беше отворена и добра дискусија, а утре ќе ја продолжиме дискусијата во владата. Постои заедничка желба да ја реализираме нашата добра програма, рече Орпо.

Тој посочи дека владата не прифаќа нацизам, националсоцијализам и други екстремистички движења.

-Програмата на Владата се заснова на егалитарно општество, човекови права, почитување на меѓународните човекови права, владеење на правото, почитување на слободата на печатот и основните вредности на западното либерално општество. Работата на владата се заснова на овие вредности, а мојата работа е да се грижам за нив, рече финскиот премиер.

Министерот за економија, по само 10 дена на функцијата, на 30 јуни поднесе оставка. Тој во соопштението наведе дека поради продолжување на работата на Владата и угледот на Финска, не може да продолжи да ја извршува министерската функција на задоволителен начин.

Министерот беше принуден да поднесе оставка затоа што се шегуваше со нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ и затоа што беше говорник на настан организиран од неонацистички групи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK