Орбан за прашањето за миграција: „Правно сме силувани“

Орбан-за-прашањето-за-миграција-„Правно-сме-силувани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на лидерската средба во Гранада ќе треба да се разговара за голем број важни работи, како и дека е потребен стратешки план за проширување на ЕУ.


Тој пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ во Гранада, им рече на новинарите дека ако се сака сериозно да се зборува за членството на Украина, потребен е стратешки документ, а тоа досега не е видено.

Треба да знаеме зошто е важно за ЕУ да се интегрира Украина и кои се последиците од тоа, пред се безбедноста. Тоа е земја во војна, никогаш не сме го направиле ова со земја во војна, има многу прашања за кои треба да разговараме стратешки“, рече тој.

На прашањето за санкциите против Азербејџан, Орбан рече дека тоа е голема земја без која нема енергетска независност.

„Ако сакате независност од руската енергија, Азербејџан ни е неопходен. Тоа е стратешки важна земја“, рече Орбан.

На прашањето за миграцијата, Орбан рече дека Полска и Унгарија не се задоволни од постојната ситуација и дека мора да се постигне компромис.

Тој посочи дека земјите-членки на Европската унија немаат шанси да постигнат договор за миграцијата.

„Лидерите на ЕУ првично се согласија дека регулативите за миграција ќе бараат едногласност, но тоа беше променето на последниот самит. Бидејќи Унгарија и Полска беа целосно изоставени од новиот миграциски пакет, невозможно е да се постигне нов договор бидејќи ние сме „правно силувани’, така што после ова нема шанси за некаков компромис и договор за миграција. Политички тоа е невозможно. Не денес, генерално кажано, не во наредните години“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK