Орбан: Унгарија нема да ја блокира одлуката на НАТО да и пружи помош на Украина

orban-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата нема да ги блокира одлуките на НАТО поврзани со мисијата за поддршка на Украина, но и дека сите воени дејствија надвор од територијата на Северноатлантската алијанса можат да бидат само доброволни, пишува унгарскиот портал „Индекс“.


На заедничката прес-конференција во Будимпешта со Орбан, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека унгарските средства и персонал нема да се користат за поддршка на Украина, пренесе Ројтерс.

„На самитот на Алијансата очекувам сојузниците да донесат одлука за поддршката на НАТО за безбедноста и обуката на украинската армија“, рече Столтенберг.

Столтенберг рече дека Орбан го уверил дека нема да се спротивстави на напорите да се оди напред, пренесува Ројтерс.

Орбан, како што пренесува „index.hu“ рекол дека Унгарија ги исполнува обврските кон НАТО.

Столтенберг е во Унгарија за да разговара со Орбан пред се за руско-украинската војна, но и за агендата на самитот на НАТО што ќе се одржи во јули.

Сите воени акции надвор од територијата на НАТО можат да бидат само доброволни врз основа на правилата на НАТО, рече Орбан.

Во врска со руско-украинската војна, тој рече дека позицијата на Унгарија се разликува од онаа на другите.

Столтенберг рече дека Унгарија отсекогаш била ценета членка на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK