­

Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена, позицијата на Унгарија може да стане мнозинство


Орбан-сега-се-заканува-дека-ќе-го-блокира-влезот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека секој може да види дека војната во Украина е изгубена и дека е лоша одлука да се влезе во неа.


Тој додаде дека секое унгарско домаќинство изгубило околу 6.000 евра поради војната, а богатите земји изгубиле уште повеќе, пренесе МТИ.

Орбан денеска за унгарските јавни медиуми изјави дека Унгарија не треба да се плаши од ситуации во кои застапува различна позиција од останатите 26 членки на Европската унија, бидејќи нејзината позиција во иднина може да стане мнозинство.

Тој го изјави ова откако претходната вечер стави вето на друга изјава на ЕУ во врска со Украина.

Тој потсети дека Унгарија претходно беше единствената земја која се спротивстави на миграцијата, изгради ограда на границата и влезе во конфликт по ова прашање.

„Осум или девет премиери, кои претходно протестираа против сегашните правила за бегалците, во четвртокот буквално го повторија она што Унгарија го кажа и направи пред десет години“, рече Орбан.

Тој додаде дека унгарските ставови во врска со војната сега се во слична ситуација.

„Сè уште сме далеку од мнозинството, бидејќи мнозинството земји-членки вчера одлучија да ја продолжат војната, испраќајќи уште повеќе пари и оружје во Украина, но таа одлука повеќе не е цврста и непоколеблива како порано“, посочи тој.

Орбан рече дека е убеден оти, како и во случајот со миграцијата, „ќе дојде момент кога унгарската позиција ќе стане заедничка позиција на Европа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK