Орбан: Ќе го блокирам буџетот на ЕУ ако не и вратат милијарди евра од фондовите на Унгарија

Орбан-го-блокираше-влезот-на-Шведска-во-НАТО-сега-премиерот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот  премиер Виктор Орбан се заканува дека ќе стави вето на новиот седумгодишен буџет на Европската унија доколку Брисел не ги деблокира европските фондови за Унгарија.


Орбан оваа закана ја упати во интервју за унгарското државно радио. За одобрување на буџетот на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки.

„Можам со сигурност да кажам дека нема да придонесам за ова доколку средствата кои сè уште и се блокирани на Унгарија не се обезбедат во новиот долгорочен буџет“, рече тој.

Орбан во минатото неколку пати вршеше притисок врз Европската комисија со своите закани за вето. Комисијата сè уште блокира речиси 12 милијарди евра средства наменети за Унгарија, како и милијарди евра помош во борбата против коронавирусот.

Брисел ќе ја укине блокадата само кога Унгарија ќе спроведе дополнителни реформи за зајакнување на владеењето на правото.

Преговорите за новиот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот од 2028 до 2035 година треба да започнат во средината на 2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK