Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел сака да види „марионетска“ влада во Унгарија и дека кога ќе го постигнат тоа, ќе има „инструкции што ќе треба да се спроведат“.
„Потребна им е марионетска влада. Сите империи се такви, како што беа Советите. Брисел сака „јавол“ влада која добива повик од Брисел и вели „јавол“, изјави Орбан за радио станицата Косут, пренесе МТИ.
„Jawohl“ на германски значи „да, се разбира“, што во овој контекст значи целосна послушност.
Орбан сугерира дека таквата „јаволска влада“ би била „марионета“, односно нема да дејствува во интерес на сопствената земја, туку би дејствувала како алатка на странските сили.
Тој посочи дека тоа не е само прашање на владата, туку дека Брисел има економски спорови со Унгарија кои сериозно би влијаеле врз народот доколку Унгарија подлегне на притисоците.