ОН: Во Нигерија гладуваат околу 4,3 милиони луѓе

nigerija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милиони луѓе се соочуваат со глад поради конфликти и интензивираните климатски промени во североисточна Нигерија. Западноафриканската држава е во опасност од хуманитарна криза, изјави хуманитарниот координатор на Обединети нации во Нигерија, Матијас Шмале.

Тој додаде дека 4,3 милиони луѓе гладуваат во нигериските сојузни држави Борно, Адамава и Јобе.


Бројот на деца под пет години изложени на ризик од тешка акутна неисхранетост, опасна по живот, достигна 700.000, што е двојно повеќе отколку во 2022 година и четирипати повеќе отколку во 2021 година.

– Катастрофалната ситуација е резултат на повеќе од една деценија несигурност поврзана со вооружени групи кои ги спречуваат луѓето да се занимаваат со земјоделство и да заработуваат приход од земјата, истакна Шмале.

Климатските промени и екстремните временски влијанија, како и наглото зголемување на цените на храната, горивото и ѓубривата, ја влошија кризата во Нигерија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK