Стотици пациенти се заглавени во болниците во северниот дел на Газа и физички е невозможно да се евакуираат на југ, изјави шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци во областа.
Том Вајт од ОН го повтори она што го реклр лекарите и другите добротворни организации – невозможно е да се преселат пациентите од болниците како Ал-Кудс во северна Газа.
„Многу луѓе на север бараат засолниште во училиштата, бараат засолниште во болниците“, рече Вајт, додавајќи: „Бев во една од болниците оваа недела, има стотици и стотици пациенти кои не можат да се движат. ”
Тој рече дека многу луѓе на север – не само пациенти – исто така „не можат да се движат наоколу бидејќи физички немаат транспорт, немаат средства. Луѓето се „многу гладни, многу жедни и многу исплашени, а многумина живеат од остатоци од леб и конзервирана храна што повремено успеваат да ги добијат.