– Шефот на мисијата на ОН во Јужен Судан (UNMISS), Николас Хејсом, денеска изјави дека земјата „се уште не е подготвена“ да одржи слободни, фер и кредибилни претседателски избори следната година.
На состанокот на реконституираната Заедничка комисија за мониторинг и евалуација, тој рече дека ги дели „искрените ставови“ искажани од некои владини претставници, политичките партии и граѓанското општество дека земјата „во овој момент не е подготвена“ за избори.
Шефот на мисијата како причини за скептицизам го наведе недостигот на реконституирано изборно тело и совет на политички партии.
Претседателските избори се сметаат за кулминација на мировниот договор потпишан пред речиси пет години, со цел да се стави крај на борбите во кои загинаа околу 400.000 луѓе.