ОН ја прекинуваат помошта на Турција за северозападна Сирија поради несогласувања во Советот за безбедност

on-sovet-za-bezbednost
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот за безбедност на ОН синоќа не одобри ниту една од двете спротивставени резолуции со кои се овластува испорака на хуманитарна помош за северозападна Сирија, контролирана од бунтовниците, од соседна Турција.

Русија стави вето на компромисната резолуција со која би се продолжила операцијата на преминот Баб ал Хава за девет месеци, што беше поддржано од 13 од 15-те членки на Советот.


Руската резолуција која би ја продолжила испораката на помошта за шест месеци, но додаде нови услови, не ги доби минималните девет гласови „за“ за одобрување.

Испораките на помош за областа Идлиб значително се зголемија по уништувањето предизвикано од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја опустоши јужна Турција и северозападна Сирија на 8 февруари.

Сирискиот претседател Башар Асад отвори два дополнителни премини од Турција за да го зголеми протокот на помош за жртвите од земјотресот и во мај ја продолжи нивната операција за три месеци до средината на август.

Тие премини не се споменати во ниту една резолуција, а рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија посочи дека тие засега ќе останат отворени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK