Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз јеменскиот меѓународен аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни.
Израел потврди дека вчера погодил повеќе цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Сана. Медиумите блиски до Хутите јавуваат дека загинале најмалку шест лица.
„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, рече портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.