ОН: Газа наскоро ќе остане без гориво; Израел: Имаат гориво, но Хамас си го зема за себе

ОН-Газа-наскоро-ќе-остане-без-гориво-Израел-Имаат-гориво.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ги оспорија тврдењата на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (UNRWA) дека Појасот Газа наскоро ќе остане без гориво.


„Колку што знам, сè уште има струја во Појасот Газа. И овој извештај е малку сомнителен“, рече портпаролот на  израелската војска, потполковник Џонатан Конрикус, мислејќи на извештајот од 16 октомври.

„Им покажавме на УНРВА каде Хамас, кој управува со Појасот Газа, го добива своето гориво. Сето тоа е внатре во Појасот Газа. Тие имаат доволно да работат со болници и пумпи за вода со денови. Само нивните приоритети се различни. Хамас претпочита да зема гориво за себе. тогаш зашто нема цивили“, додаде тој.

ОН велат дека болниците во Газа прифаќаат само итни случаи поради стравувањата дека резервите на гориво би можеле да се испразнат. Претставникот на Светската здравствена организација, доктор Ричард Пиперкорн, претходно за Би-Би-Си изјави дека во болниците поддржани од ОН, генераторите работат на минимум, само за да спасат животи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK