Американските власти соопштија дека им помогнале на 400 Американци и нивните семејства да го напуштат Појасот Газа, кој е бомбардиран од израелските сили по нападот на Хамас на 7 октомври, преку единствениот отворен премин Рафа кон Египет.
„Помогнавме на повеќе од 400 американски граѓани, постојани жители и други лица кои ги исполнуваат условите да ја напуштат Газа“, рече портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.
Не е наведен бројот на Американците кои се уште се во Газа и сакаат да заминат.
„Ќе продолжиме да работиме додека секој Американец што сака да замине не може да го стори тоа“, рече во неделата советникот за национална безбедност Џонатан Фајнер.