Околу 11 милијарди долари во онлајн купување потрошија Американците за „Црн петок“

onlajn-shoping.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американците на „Црн петок“ (Black friday),  потрошија околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Adobe Analytics, а најмногу онлајн купувања биле регистрирани на шминка, производи за нега на кожа и коса, како и блутут звучници и машини за еспресо.


Во 2023 година американските купувачи потрошија 9,8 милијарди долари на онлајн шопинг за таканаречениот „Црн петок“, што беше за 700 милиони долари повеќе од 9,1 милијарди долари една година порано.

„Црниот петок“, само еден ден по американскиот празник „Ден на благодарноста“, го означува официјалниот почеток на празничната шопинг сезона за трговците на мало кога тие нудат големи попусти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK