­

Оклопното возило на исчезнатите американски војници пронајдено во вода, потрагата по војниците продолжува


Screenshot-2025-03-27-082959.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАТО се огласи откако генералниот секретар на воената алијанса сугерираше дека четворицата американски војници кои исчезнаа за време на обука во Литванија се мртви, иако американската војска официјално не го потврди тоа, јавува Асошиејтед прес.


„Потрагата е во тек. Жалиме за каква било конфузија за забелешките на генералниот секретар на НАТО за ова. Тој се повика на извештаите во печатот и не ја потврди судбината на исчезнатите, која сè уште е непозната“, објави НАТО на Икс.

Американската војска објави дека оклопно возило „Херкулес“ со четворица американски војници било пронајдено во водата за време на вежба. Се наведува дека американски војници, како и литвански вооружени сили и цивилни агенции, учествуваат во потрагата по војниците.

Војниците, сите од 1-та бригада на 3-та пешадиска дивизија, изведувале тактичка обука кога исчезнале. На прашањето дали има нови информации за исчезнатите војници, претседателот Доналд Трамп синоќа одговори: „Не, немам“.

За време на патувањето во Варшава, Руте им кажа на новинарите дека добил вест за смртта на четворица војници. „Тоа е нова вест, па не ги знаеме деталите. Ова е навистина страшна вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските“, рече Руте во Варшава.

Литванската ЛРТ објави дека четворица американски војници и нивното возило биле пријавени за исчезнати во вторник попладне за време на вежба на полигонот „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде, град кој се наоѓа на помалку од 10 километри од границата со Белорусија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK