Одбиено барањето на Зеленски да се обрати пред американскиот Конгрес

Одбиено-барањето-на-Зеленски-да-се-обрати-пред-американскиот-Конгрес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Кевин Мекарти, објави дека го одбил барањето на украинскиот претседател, Володимир Зеленски да зборува пред Конгресот.


Тој рече дека нема доволно време за говорот на украинскиот претседател, пренесува американската телевизија Ен-Би-Си.

Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата претходна посета на Вашингтон во декември 2022 година.

Зеленски денеска пристигна во Соединетите Американски Држави за да разговара со конгресмени, особено со републиканците, кои се’ повеќе се противат на испраќање дополнителна помош за Украина.

Сепак, Зеленски треба да се сретне со претседателот Џо Бајден во Белата куќа и да разговара со американските воени лидери во Пентагон. Во петок наутро, украинскиот лидер ќе се упати кон Капитол за да се сретне со пратениците од кои ќе биде побарано да продолжат со финансирањето на војската на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK