Од денеска контроли за влез во Германија: воведени нови мерки на граничните премини со пет земји

granica-germanija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради преоптовареност на системот за прифаќање на баратели на азил, Германија од денеска воведува контроли на сите државни граници, кои ќе траат најмалку шест месеци.


 

Новата регулатива се однесува на премините кон Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција, пренесува „Дојче веле“.

Почнувајќи од денеска, германската федерална полиција не само што ќе ги контролира патниците на источната и јужната копнена граница, туку и на северната и западната граница, најмалку шест месеци.

Германија овој чекор го оправда со големиот број мигранти кои илегално влегуваат во земјата и преоптоварувањето на системот за прифаќање бегалци, изјави германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер.

Иако треба да биде исклучок во рамките на Европската унија, тие правила очигледно веќе не важат, оценува германското радио и укажува дека дополнителните контроли би можеле да доведат до потешкотии во движењето на луѓе и стоки, со оглед на тоа што Германија е во центарот на Шенген зоната.

Контролите на внатрешните граници се предвидуваат само под одредени услови, но самите земји-членки одлучуваат дали се исполнети овие услови, а за воведување гранични контроли единствено се должни да ја информираат Европската комисија во Брисел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK