Десетици илјади училишта во најнаселената пакистанска провинција беа затворени денеска откако вирусна инфекција на очите погоди речиси 100.000 луѓе, соопштија властите.
Околу 56.000 основни и средни училишта во централната провинција Пенџаб мора да останат затворени до понеделник, рече регионалниот министер за здравство Џамал Насир. Вирусен конјунктивитис, познат како розово око, брзо се шири низ покраината.
Речиси 100.000 луѓе се заразени досега, а властите побараа од луѓето да го ограничат физичкиот контакт и да останат во своите домови, рече Насир.
Главниот министер на Пенџаб, Мохсин Накви рече дека локалната влада пред понеделник ќе издаде упатства за тоа како да се спречи инфекцијата.