Израелските медиуми ги објавија имињата на заложниците, кои вечерва беа ослободени од заробеништво во Газа, а се на пат од Египет кон Израел, 67-годишната Шошан Харан, нејзината ќерка, 38-годишната Ади Шохам и децата на Ади Јахел на возраст од 3 години и Наве на 8 години, 53-годишната Шири Вајс и нејзината ќерка Нога Вајс на 18 години, 21-годишната Маја Регев, 12-годишната Хила Ротем, Ноам Ор на 17 години и Алма Ор на 13, 12-годишната Ноам Авигдори и нејзината мајка Шерон Авигдори на 52 години.
Меѓу ослободените е и Емили Ханд, деветгодишно девојче со ирско-израелско потекло, за кое се веруваше дека е убиено во првиот напад на Хамас, објави Тајмс оф Израел.