Објавена снимка: „Ова е човекот кој уби генерал среде Москва за 100.000 долари“

9-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж од Узбекистан е уапсен под сомнение дека ги убил рускиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва. Руските служби бараат можни соучесници и најавуваат одмазда против Украина.


29-годишен маж од Узбекистан е уапсен во селото Чиорноје кај Москва, а видео од неговото наводно признание објави истражната комисија на Русија. Во видеото тој признава дека поставил експлозив и дека го активирал.

Нападот е снимен, а снимката вчера се прошири на социјалните мрежи.

„За да го следи генералот изнајмил автомобил и поставил камера. Сигналот стигна до Днепар каде што беше седиштето на организацијата. Кога сфатил дека генералот излегува од станот, од далечина го активирал експлозивот. За ова му ветиле 100 илјади долари и престој во европска земја. Работиме на идентификување на другите инволвирани“, изјави портпаролката на Истражната комисија на Русија, Светлана Петренко.

Во истрагата, која траела најмалку 12 часа, пронајден е автомобил во кој се тврди дека осомничениот седел и го набљудувал излезот од зградата. Преку тој изнајмен автомобил, истражната комисија тврди дека го пронашла осомничениот од Узбекистан. ФСБ тврди дека осомничениот бил регрутиран од украинската безбедносна служба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK