Откако групата Хамас објави дека ослободила двајца американски државјани од заробеништво во Газа, висок израелски функционер објави дека тоа се Џудит Ранан и нејзината ќерка Натали.
Според „Тајмс оф Израел“, двете биле префрлени во Меѓународниот Црвен крст.
„Тие се жители на Еванстон, а во Израел дојдоа овој месец за да го прослават 85. роденден на роднина и еврејските празници“, рекол нивен роднина.
„Натали има 18 години и неодамна заврши средно училиште. Таа со нетрпение чекаше да одмори и да го посети семејството во странство“, изјави вујкото на тинејџерката, Ави Замир.
Хамас неодамна објави дека ги ослободил американските граѓани од хуманитарни причини.
Еден од функционерите на таа група рече дека тоа е нивна добра волја.