Објавена фотографија од девојчето кое тинејџер во училиште во Бразил го застрела во глава, родителите во шок

Објавена-фотографија-од-девојчето-кое-тинејџер-во-училиште-во-Бразил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џована Безера да Силва (17) беше убиена вчера при напад во училиштето Сапопемба во Сао Паоло, Бразил.


Нејзините родители се во шок по трагедијата, изјави Реиналдо Лопес, нивниот сосед.

„Џована беше најмладата во семејството и штотуку ја доби првата плата откако се вработи како асистент пред еден месец. Работеше еден месец, првата плата ја зеде сега, на 20 октомври. Тоа е сон што е прекинат“, изјави Лопес.

Тој додаде дека Џована сакала да стане адвокатка, а сакала да игра одбојка и многу се дружела со луѓе.

„Колку што разбрав, таа била пред напаѓачот и не била негова мета“, додал соседот.

Џована беше убиена, а уште двајца ученици беа ранети кога тинејџер пукаше во училиштето во понеделникот. Напаѓачот се прикрадува зад неа и пука во глава, при што таа паѓа на дното од скалите.

Напаѓачот е уапсен, а нападот наводно го најавил пред две недели. Медиумите пишуваат дека тој бил жртва на малтретирање во училиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK