Објавена фотографија од 13-те израелски заложници ослободени на првиот ден од примирјето со Хамас

Објавена-фотографија-од-13-те-израелски-заложници-ослободени-на-првиот-ден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„The times of Israel“ објави фотографија од 13-те израелски заложници ослободени на првиот ден од примирјето со Хамас. Тие се  идентификувани како Хана Кацир, 77, Маргалит Мозес, 77, Јафа Адер, 85, Хана Пери, 79, Адина Моше, 72, Даниеле Алони, 44, Емилија Алони, 9, Рути Мондер, 78; Керен Мондер, 54,  Охад Мондер, 9, Авив Ашер, 2; Раз Ашер, 5; и Дорон Кац-Ашер, 34.


Ослободувањето на 13-те заложници е првата од четирите очекувани фази. Хамас се согласи да ослободи 50-ина заложници во текот на четирите дена од примирјето со Израел, сите деца, мајки и други жени.

Страните се согласија дека Хамас на крајот може да ослободи повеќе во замена за продолжување на прекинот на огнот за уште неколку дена.

Докторите потврдија дека ослободените заложници се здрави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK