Обединетите нации предупредуваат на непосредна можност од глад во Газа

Обединетите-нации-предупредуваат-на-непосредна-можност-од-глад-во-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска предупреди дека Појасот Газа се соочува со огромен недостиг на храна и широко распространет глад и дека речиси целото население на палестинската енклава има очајна потреба од помош во храна.


„Залихите на храна и вода во Газа практично не постојат и само мал дел од потребното пристигнува преку границата“, рече извршната директорка на WFP, Синди Мекејн во изјавата, пренесе Ројтерс.

Според неа, со оглед на тоа што се наближува зимата, во преполните прифатилишта, во недостаток на чиста вода, луѓето се соочуваат со глад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK