Новиот привремен премиер на Пакистан положи заклетва

kakar_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Анвар-ул-Хак Какар денеска положи заклетва во Пакистан за официјално да ја преземе улогата на привремен премиер и да ја води земјата до изборите закажани за неколку месеци.

„Ќе се трудам да ја зачувам исламската идеологија бидејќи таа е основата на создавањето на Пакистан. Нема да дозволам личните интереси да влијаат на моето однесување или на официјалните одлуки“, рече до неодамна сенаторот на провинцијата Белуџистан на церемонијата што се пренесуваше во живо на телевизија.


Тој положи заклетва пред претседателот Ариф Алви на денот на државната независност и во присуство на поранешниот премиер Шехбаз Шариф.

Првата задача на Какар (52) ќе биде да ги избере членовите на владата што ќе ја водат државата до пред изборниот период, кој може да трае со месеци.

Владата веќе најави дека на изборната комисија и треба време за реконституирање на изборните единици, додека властите се трудат да донесат стабилност во земјата и покрај безбедносната, економската и политичката криза.

Откако Имран Кан беше сменет од функцијата премиер, откако  му беше изгласана недоверба во април 2022 година, политичката клима во земјата е турбулентна.

Минатиот викенд популарниот 70-годишен Кан беше осуден на три години затвор поради корупција. На Кан му е забрането да се кандидира за избори во следните пет години, но неговиот адвокат ја обжали пресудата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK