Нови пожари во Грција: гори кај Атина и на Родос

grcija-pozari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шумски пожар денеска избувна во грчкиот град Оропос, северно од Атина, а на граѓаните им беше кажано да внимаваат.

Пожарот избувнал во близина на населбата Сикамино нешто пред 15 часот, а на местото се испратени 73 пожарникари и 16 возила, а од авионска помош пружиле седум авиони и четири хеликоптери.

Во изјава за Катимерини, градоначалникот на Оропос, Јоргос Јасимакис, рече дека пожарот стивнува и дека моментално нема активни фронтови, пофалувајќи ја работата на единиците на терен.

Во месноста Врисија на Родос избувнал пожар во близина на куќите, поради што на мештаните им било кажано да бидат на готовност.

На терен работат околу 28 пожарникари со осум возила, три авиони и еден хеликоптер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK