Нова драма во Австралија: Маж избоден со нож во трговски центар

FotoJet-2024-04-21T144325.399.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Маж е избоден со нож денеска во трговскиот центар Хај Поинт во западниот дел на Мелбурн, Австралија.

Полицијата соопшти дека утринава еден маж избодел друг во горниот дел од телото при тепачка, пренесува Daily Mail.

Повредениот со возило на брза помош е пренесен во болница во „тешка, но стабилна состојба“, а полицијата се уште трага по напаѓачот.

Трговскиот центар не бил затворен по нападот бидејќи се верува дека „нема понатамошна опасност“.

Во Австралија на 13 април напаѓачот со нож Џоел Каучи уби шест лица, а рани 12 во трговскиот центар во Сиднеј, по што беше застрелан од полицаец.

По нападот, полицијата соопшти дека со Каучи се познаваат долго време, а тој уште од мал боледувал од шизофренија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK