Нов биланс во Сирија: Единаесет загинати во руските напади

sirija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 11 лица, меѓу кои седум цивили, загинаа во денешните руски воздушни напади врз област во северозападна Сирија под контрола на бунтовниците, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

Во претходниот извештај билансот беше седуммина загинати и 25 повредени.


Руските сили во сојуз со сирискиот режим започнаа напади во провинцијата Идлиб како одговор на нападите со беспилотни летала на бунтовниците во кои загинаа четворица цивили, вклучително и две деца, минатата недела, изјави директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.

Покрај загинатите, во нападот се повредени и 30 цивили, додаде опсерваторијата со седиште во Велика Британија, која се потпира на широка мрежа на извори во Сирија.

Русија е главниот сојузник на режимот на Башар ал Асад и воено интервенира во Сирија од 2015 година. Поддржан од Русија и Иран, сирискиот режим го врати поголемиот дел од териториите изгубени на почетокот на војната, која беше почна во 2011 година со задушување на продемократските демонстрации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK