Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Израел објавил дека повеќе нема да акредитира норвешки дипломати кои служат на окупираните палестински територии, нарекувајќи ја одлуката „екстремен чин“.
Релевантниот министер Еспен Барт Еиде изјави дека Норвешка во моментов размислува за одговорот на израелската одлука, пренесува Ројтерс.
„Ова е екстремен чин кој првенствено влијае на нашата способност да му помогнеме на палестинското население. Денешната одлука ќе има последици за нашиот однос со владата на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, рече тој.