„Њујорк Тајмс“: Русите имаат речиси 300.000 убиени или ранети војници, а Украинците 190.000

c7e1c673-f307-4941-8043-07a70b703a29.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на убиени или ранети украински и руски војници од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година се приближува до 500.000, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници.


Официјалните лица предупредија дека е тешко да се процени бројот на жртвите бидејќи сметаат дека Москва редовно го потценува бројот на загинати и повредени во војната, а Киев не ги објавува официјалните податоци, пишува весникот.

Руските воени жртви се приближуваат до 300.000, вклучувајќи 120.000 убиени и 170.000-180.000 ранети, објави весникот. Според Њујорк Тајмс, речиси 70.000 украински војници биле убиени, а 120.000 биле ранети. Весникот цитираше официјален претставник дека бројот на загинати се зголемил откако Украина почнала контраофанзива претходно оваа година.

Украинската армија вчера најави освојување територии во контраофанзива против руските сили на југоисточниот фронт. Киев објави дека неговите сили ослободиле село, прво од 27 јули, навестувајќи дека има предизвици во напредувањето низ силно минираните руски одбранбени линии без моќна воздушна поддршка.

Украинските и руските власти не ги коментираа овие бројки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK