„Њујорк тајмс“: Америка се подготвува за можен конфликт со Кина

677z381_USA-vojska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американските вооружени сили се подготвуваат за можен конфликт со Кина – војниците практикуваат различни тактики, потпирајќи се, меѓу другото, и на искуството од следењето на конфликтот во Украина, пишува „Њујорк тајмс“.


Според извештаите, позицијата на американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Камала Харис може да се разликува за конфликтот во Украина и на Блискиот Исток, но без оглед на тоа кој ќе победи на претстојните ноемвриски избори, „Америка ќе продолжи да се подготвува за војна со Кина“.

„Американската војска се трансформира себеси и стотици илјади млади мажи и жени за нова војна – овој пат за потенцијален конфликт со Кина. Таков конфликт може да се води на копно, море, во воздух и во вселената. Значи, армијата тренира токму за тоа. Војниците работеа на нови маневри засновани на следење на текот на битките на Украина против Русија“, се наведува во написот.

Според мислењето на авторот на трудот, конфликтот меѓу таквите големи сили кои поседуваат нуклеарно оружје, како Америка и Кина, ќе биде „многу поопасен“. Тој оценува дека овој потенцијален конфликт би можел да резултира со такви жртви меѓу американската армија какви што не биле забележани ниту во најкрвавите конфликти во кои учествувала Америка, пишува медиумот.

Иако Тајван има свои одбранбени системи, воените експерти велат за „Њујорк Тајмс“ дека постои мала веројатност островот да одбие потенцијален кинески напад без помош на Америка. Дополнително, американските политички кругови се загрижени дека Америка би можела да ја загуби способноста да доминира во регионот доколку не се вклучи во таков конфликт.

Исто така, весникот потсетува дека американски војници веќе се распоредени во Јапонија, каде ги има околу 54.000, како и во Јужна Кореја, каде има околу 25.000 луѓе. Голем број се стационирани и на Филипините.

Нагласено е дека американската армија за време на вежбите активно го користи искуството стекнато од следењето на руско-украинскиот конфликт, конкретно во однос на формирањето на мали диверзантски групи и употребата на комуникациски системи. Покрај тоа, војниците практикуваат брзо распоредување на теренот, движење во мали пешадиски возила, а потоа брзо прегрупирање за да нападнат потенцијален противник.

Пекинг го смета Тајван за неотуѓив дел од Кина, а почитувањето на принципот „една Кина“ е задолжителен услов за другите земји кои сакаат да воспостават или одржуваат дипломатски односи со Пекинг, пренесува Спутник. Принципот на „една Кина“ и непризнавање на независноста на Тајван го почитува и Америка, и покрај тоа што одржуваат блиски контакти со Тајпеј во различни области и го снабдуваат островот со оружје, стои во написите на светските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK