Нетанјаху: Светот треба да се обедини за да го победи Хамас, исто како што ги победи нацистите и ИД

Нетанјаху-Светот-треба-да-се-обедини-за-да-го-победи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека светот мора да се обедини за да го порази Хамас, како што претходно се обедини за да ги победи терористите на Исламската држава (ИД) или нацистите, пренесува Гардијан.


Во своето обраќање пред Кнесетот, Нетанјаху истакна дека израелскиот народ е обединет во својата цел да победи. Тој рече дека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што им дозволија на палестинските милитанти на Хамас да извршат таков разорен напад на 7 октомври, во кој убија повеќе од 1.300 луѓе и ранија речиси 4.000, додека киднапираа околу 200 заложници, пишува медиумот.

Во својот говор во израелскиот Кнесет тој истакна дека светот мора да се обедини за да го победи Хамас.

„Оваа војна е и ваша војна“, нагласи израелскиот премиер.

Тој рече дека сега многумина ширум светот разбираат со што се соочува Израел.

„Тие разбираат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и Исламската држава, мора да се обедини за да го порази Хамас“, рече израелскиот премиер.

Нетанјаху оцени дека израелската војна против терористичките групи во Појасот Газа е егзистенцијална битка против силите на темнината.

„Хамас е дел од оската на злото на Иран и Хезболах. Тие имаат за цел да го втурнат Блискиот Исток во бездна на хаос“, нагласи Нетанјаху, пренесува медиумот.

Тој ги предупреди Иран и Хезболах да не ја тестираат неговата земја со напади на север, пренесува АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK