Нетанјаху: Судските реформи не се слабеење, туку зајакнување на израелската демократија

netanjahu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека судските реформи не значат слабеење на израелската демократија, туку нејзино зајакнување.

„Го враќаме Израел во согласност со повеќето демократии, каде што беше во првите пет децении и каде што треба да биде во наредните децении“, рече Нетанјаху во синоќешното интервју за Фокс њуз, осврнувајќи се на реформите што предизвикаа бројни протести во земјата и критики од странство.


Нетанјаху даде неколку интервјуа за американски медиуми во последниве недели како одговор на критиките за законот за реформи во судството што неговата коалиција го донесе минатата недела.

Тој рече дека противниците тој закон го претставуваат како „страшен крај на демократијата“, додавајќи дека ако е така „тогаш нема демократија никаде на друго место во светот“.

Нетанјаху зборуваше и за обидот да се најде консензус со опозицијата.

„Дадов три месеци за преговори, никаде не стигнав со опозицијата која е заложник на екстремното малцинство кое ги организира сите протести и демонстрации“, рече тој.

Израелскиот премиер додаде дека тогаш решил веднаш да го усвои законот, но дека се уште се обидува да постигне консензус бидејќи смета дека тоа е подобро за демократијата.

Минатиот понеделник, Нетанјаху и неговите коалициски партнери, вклучително и ултранационалистичките и ултраортодоксните еврејски партии, усвоија клучен закон кој ќе ја ограничи способноста на Врховниот суд да ги поништува владините одлуки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK