Нетанјаху опериран: израелскиот премиер е свесен, но ќе остане во болница неколку дена

677z381_677z381_netanijahu-2811-669f7e3e242de.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху е во добра состојба и е целосно свесен откако неговата операција на простата беше „успешна“, соопшти денеска неговиот кабинет.


Офер Гофрит, шеф на одделот за урологија во Медицинскиот центар Хадаса во Ерусалим, во видео изјава рече дека процедурата поминала добро и дека „нема страв“ од рак или малигнитет, пренесе АП.

Нетанјаху им се заблагодари на своите лекари во соопштението, а неговата канцеларија соопшти дека е „целосно свесен“ и бил одведен во подземна единица за опоравување, која е зајакната против потенцијални ракетни напади.

„Премиерот сега е префрлен во безбедна подземна единица за опоравување. Се очекува тој да остане во болница на набљудување во следните неколку дена“, соопштија од неговата канцеларија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK