Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека властите околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, соопштија дека овие тврдења се неточни.
„Станува збор за американско-француски предлог на кој премиерот не ни одговорил“, соопштија од кабинетот на премиерот.
Се посочува дека не е точна и информацијата објавена од израелскиот Канал 12 дека Нетанјаху и наредил на израелската армија умерени напади во Либан, наведувајќи дека премиерот ја овластил армијата да продолжи со интензивните напади врз цели на Хезболах.