Нетанјаху негира дека египетското разузнавање го предупредило за напад на Хамас: Тоа се лажни вести

Нетанјаху-негира-дека-египетското-разузнавање-го-предупредило-за-напад-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека извештајот со кој  предупредува египетскиот разузнавач Абас Камел за „невообичаена, ужасна операција“ десет дена пред нападот на Хамас е „целосно лажна вест“.


Како што се наведува, премиерот „не разговарал, ниту се сретнал со Камел од формирањето на владата – ниту тајно, ниту директно“.

„Тоа е целосно лажна вест“, се вели во соопштението.

Претходно беше објавено дека неименуван египетски разузнавач изјавил дека неговата земја, која често посредувала меѓу Израел и Хамас, постојано предупредувала за заканите од Газа, односно за „нешто големо“ и дека израелските власти ги минимизирале тие закани. Тие, тврди неименуваниот функционер, се фокусирале на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег, објавија израелските медиуми.

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху е составена од приврзаници на еврејските доселеници на Западниот Брег кои побараа сузбивање на палестинските екстремисти поради зголеменото насилство во изминатите 18 месеци.

„Ги предупредивме дека наскоро доаѓа експлозија на ситуацијата и дека ќе биде голема, но тие ги потценија таквите предупредувања“, рече тој функционер.

Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, изврши ненадеен напад врз Израел во саботата рано наутро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK